Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Задар со 79:85 во првиот натпревар во АБА лигата, во групата Б.
Екипата на Јанис Сферопулос сè уште не знае за победа оваа сезона, бидејќи ова е трет пораз, по два неуспеси во Евролигата.
Од друга страна, Задар направи големо изненадување, слично како пред три години кога победи во Пионир.
Актуелните шампиони на Хрватска водеа речиси во текот на целиот натпревар и ја остварија четвртата последователна победа над Црвена звезда во Белград.
Кај Звезда, Сами Оџелеи постигна 15 поени со 10 скока, додека Ебука Изунду додаде 15 поени и седум скока.
Џордан Нвора постигна 14 поени, Тајсон Картер 12, а Стефан Миљеновиќ 11 поени.
Задар до победата го предводеа Владимир Михаиловиќ со 21 поен, Карло Жганец со 18, Бо Бич оствари дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока. Двоцифрен број на поени, 10, имаше и Борна Капуста.
По завршувањето на натпреварот навивачите побараа оставки од чените луѓе на клубот и тренерот Сферопулос.
Foto/ Luka Milosavljevic / STARSPORT