Top Sport

Шок во Сакраменто, Фокс ќе ги напушти Кингс

Диерон Фокс, како што стојат работите, наскоро ќе ги напушти Сакраменто Кингс.

Според добро информираниот НБА инсајдер Шамс Чаранија, тимот од Калифорнија сака да го трејдува Фокс пред 6. февруари, последниот ден од преодниот рок.

Тој тврди дека голем број на тимови се заинтересирани за Фокс, но дека тој на ум го има летото 2026 година кога му истекува договорот и дека соодветно ја крои својата желба за следната дестинација.

Засега не се знае каде би можел да заврши Фокс, но може да се каже дека ова е вистински шок за фановите на Сакраменто кои во него гледаат како на прва ѕвезда на франшизата.

Фокс во НБА дојде од Универзитетот во Кентаки (каде играше за славниот Џон Калипари) во 2017 година кога беше петти пик на драфтот и беше избран од Сакраменто Кингс.

Scroll to Top