Top Sport

Шортс го однесе Париз во плеј-офот, Црвена звезда го загуби трилерот во Минхен

Париз предводен од Ти Џеј Шортс го обезбеди седмото место во Евролигата, откако го победи Реал среде Мадрид со 81:73. Реал за осмото место ќе игра в петок, повторно на домашен терен против Баерн. Баварците ја добија драмата против Црвена звезда, во продолжение со 97:93.

Париз клуб кој е основан пред шест и пол години, во својата дебитанскат сезона во Евролигата избори место во четвртфиналето.

Екипата на Тиаго Сплитер го надигра Реал. Речиси во текот на целиот меч гостите ја имаа предноста на своја страна. Реал успеа да се доближи на поен разлика на влезот во последниот период, но Париз го одби тој напад и на крајот победи.

Во четвртфиналето Париз ќе игра против Фенербахче.

Ти Џеј Шортс мечот го заврши со 23 поени и девет асистенции, Надир Хифи постигна 15 поени, имаше и по четири скока и асистенции.

Во Минхен, Црвена звезда избори продолженија на секунда до крајот на регуларниот дел од мечот. Баерн во продолжението погоди две тројки со кои ја направи клучната разлика.

Српскиот првак ќе жали долго по овој меч, клучни беа слободните фрлања, црвено-белите промашија девет и лошата игра во последните пет минути во третата четвртина која на крајот Баерн ја доби со 32:17.

Црвено-белите имаат поплаки и на судењето особено во последните минути од регуларниот дел, кога судиите имаа неколку дискутабилни одлуки.

Филип Петрушев мечот го заврши со 30 поени, пет скока и четири асистенции, Никола Калиниќ постигна 20 поени, а Коди Милер Мекинтаер забелжа 13 поени, седум скока и осум асистенции.

Баерн го предводеше Девин Букер со 21 поен, Карстен Едвардс постигна 17, а Вајлер баб забележа 16 поени и по шест скока и асистенции.

Scroll to Top