Еврокупот влегува во самата завршница. Останува да видиме кој ќе го освои трофејот, Париз или Бург. МВП на сезоната во Еврокупот е македонскиот репрезентатѕивец Ти-Џеј Шортс.
Плејмејкерот го предводеше Париз до фантастичен рекорд од 20 победи и само еден пораз, како втор стрелец и најдобра асистент. Во Еврокупот има просек од 18 поени и 7,5 асистенции по натпревар.
Доминантна сезона на 175 сантиметри високиот плејмејкер.
Париз, вечерва од 20.30 часот против Бург ќе го одигра првиот финален натпревар. Победникот наредната сезона ќе игра во Евролигата.
„Македонецот“ Шортс ја предводи најдобрата петорка во Еврокупот