Лука Дончиќ доминираше во дербито на Тексас, во кое Далас Маверикс славеа победа над Сан Антонио Спарс со 115:104.
Поранешниот ас на Реал Мадрид го забележа 33 трипл-дабл во кариерата со 22 поени и по 12 скока и асистенции. Словенецот беше најдобар во моментите кога се решаваше победникот, впечатлив беше потегот кога го однесе својот тим на двоцифрена разлика.
Покрај Дончиќ, кај Маверикс се истакна и Кристапс Прозингис со 28 поени и 14 скокови.
На спротивната страна Демар Дерозан забележа 30 поени и 11 асистенции но тој немаше вистинска поддршка од соиграчите.