Top Sport

Шоу на Леброн против Портланд

Леброн Џејмс со сезонски рекорд, ги предводеше ЛА Лејкерс до победата над Портланд 139:106. За „езерџиите“ ова е само втора победа на последните седум натпревари. Џејмс, на последните седум натпревари постигнува најмалку 30 поени.

„Кракот Џејмс“ на Портланд им испорача 43 поени, 14 скока и четири асистенции. Џејмс го слдеаа Малик Монк со 18, односно Кармело Ентони и Расел Вестбрук со по 16 поени.

Кај Портланд се истакна Бен Меклемор со 28 поени, додека Демијан Лилард постигна, за неговите стандарди скромни 18 поени.

Резултати: Бостон-Финикс 123:108, Индијана-Чикаго 106:108, Сакраменто-Далас 96:112, Кливленд-Атланта 118:121, Хјустон-Мајами 110:120, Мемфис-Сан Антонио 118:105, Оклахома-Њујорк 95:80, Јута-Минесота 120:108.

Scroll to Top