Top Sport

Шпанија може да испадне од Евробаскетот

Бранителот на титулата на Шпанија се соочува со елиминација од Европското првенство веќе во првата фаза.

Во пресрет на последното коло, селекцијата на Серѓо Скариоло е трета во групата, зад Грција и Италија, со резултат 2-2, исто како и Грузија и Босна и Херцеговина.

Шпанците ќе го играат решавачкиот натпревар против Грција, а во случај на пораз, можат да се паднат на претпоследното место во групата, со што ќе бидат елиминирани веќе во првата фаза, што на трофејната селкеција не и се случило никогаш во историјата.

За да се случи ова Шпанија треба да загуби од Грција, а Босна и Херцеговина да слави против Грузија, што би ги направило овие две селекции да се пробијат на третото и четвртото место.

Да ве потсетиме дека Шпанија беше поразена од Грузија во меѓусебен дуел, па во случај ист скор со Грузијците, на крајот би биле елиминирани (2-3).

Босна и Херцеговина и во случај на победа на Шпанија над Грвција ќе се пласира во нокаут фазата.

Може да биде проблематично што натпреварите од последното коло не се играат во исто време.

Грузија и Босна и Херцеговина ќе го играат првиот натпревар, Шпанците и Грците подоцна, Италија и Кипар ќе играат последни, што во основа значи дека Шпанците веќе ќе знаат што да прават ако Грузијците победат – во тој случај, само победата ги остава на Евробаскетот.

Scroll to Top