Top Sport

Шрудер: Дојдов да бидам стартер, не сакам да бидам резерва

Новиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Денис Шрудер, истакнал дека во шампионскиот тим на „езерџиите“, нема намера да биде шести човек. Германецот, изминатите две сезони во Оклахома сити Тандер, најпрвин му беше резерва на Расел Вестбрук, а потоа и на Крис Пол.

„Две сезони во Оклахома влегував од клупата. Мислам дека моите менаџери разговарале на таа тема со претставниците на Лејкерс, пред да ја договорат размената“, рекол Шрудер.

Минатата сезона, на важните натпревари плајмејкер кај Лејкерси беше Леброн Џејмс. На таа позиција го имаа и Режон Рондо, кој кариерата ја продолжува во Атланта Хокс.

„Можам да бидам во стартните пет заедно со Леброн и Ентони Дејвис. Мислам дека на тој начин Леброн ќе има помалку обврски“.

Шрудер е во НБА лигата од 2013 година, кога на драфтот го избраа Атланта Хокс, во 2018 година се пресели во Оклахома сити Тандер.

Минатата сезона заврши на второто место во избор за најдобар шест играч во лигата. Признието му припадна на Мотрез Херел, кој исто така се пресели во Лајкерс.

Најдобрата сезона во кариерата на Шрудер е 2017/2018, кога просечно по натпревар бележел 19,4 поени и 6,2 асистенции.

Scroll to Top