Top Sport

Кампацо и официјално стана играч на Денвер Нагетс

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо официјално стана играч на Денвер Нагетс. Капмацо, во Денвер пристигна од Реал Мадрид. Со „кралскиот клуб“ тој два пати ја освоил Евролигата.

Кампацо, се појави на драфтот во НБА лигата во 2013 година, но тогаш не беше избран од ниту еден клуб. Една година подоцна тој стана член на Реал.

Во изминатите пет сезони одиграл 270 натпревари за Реал, на кои во просек бележел 8,6 поени, 4,5 асистенции и 2,2 скока.

За Аргентина одиграл 63 натпревари. Најголем успех со репрезентацијата му е освојувањето на второто место на СП во 2019 година.

Scroll to Top