Top Sport

Шрудер стана газада на Брауншвајнг

НБА ѕвездата Денис Шрудер од 1 јули ќе стане сопственик на кошаркарскиот клуб Браушвајнг.

Кошаркарот на Оклахома сити Тандер конечно ќе си ја оствари желбата да стене газда на тимот од неговиот роден град. На овој начин Шрудер ќе тргне по стапките на Тони Паркер кој е сопственик на Асвел.

„Среќен сум што ќе бидам сосптвеник на Лајонс. Брауншвајг е мојот роден град, сакам на овој регион да му доенсам нешто убаво. Убеден сум дека ќе формираме врвен тим. Им благодарам на сите компании што останаа со нас“, рекол Шрудер.

Браушвајнг играа во Бундеслигата, пред да биде прекината сезоната клубот се наоѓал на 11 место на табелата.

Шрудер оваа сезона во НБА лигата има просек од 19 поени и четири асистенции по натпревар.

Scroll to Top