Top Sport

Борусија во чекор го следи Баерн, Леверкузен победија во Менхенгладбах (Видео)

Баер Леверкузен направи голем чекор кон пласманот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд го држи чекоро со Баерн Минхен во борбата за титулата во Бундеслигата, додека Вердер осови важни бодови во обид да се спаси од испаѓање. Ова се главните карактерските од саботните натпревари од 27 коло во Бундеслигата кое го обележа Каи Хаверц од Леверкузен.

Фудбалерите на Баер Леверкузен забележаа сигурна победа кај директниот конкурент за пласман во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгалдбах. По враќањето на фудбалот во Германија блеска 20 годишниот Каи Хаврец.

Како и во минатото коло и во ова тој постигна два гола. Во седмата минута го постигна првиот гол, а откако во 52 израмни синит на легендарниот Турам, тој во 58 минута повторно ги врати во водство „фармацевтите“. Точка на победата на Баер од 3.1 стави Бендер во 81 минута.

Борусија Дортмунд на тешкото гостување во Волфсбург победи со 2: благодарение на бековите Рафаел Гареиро и Ашраф Хакими. Гереиро го постигна првиот гол во 32 минута, ова е негов трет гол на последните два натпревари, а откако „милионерите“ го издржаа пристискот на домаќините, Хакими ја потврди победата во 78 минута.

Давеникот Вердер бодови што можат да значат опстанок освои во Фрајбург. Стрелец во минималната победа беше Бетанкур во 19 минута.

Пдерброн и Хофенхајм одиграа 1:1. Конечниот резултат беше поставен во првите девет минута, најпрвин за гостите погоди Сков, а израмни Србени кој постигна прекрасен гол по грешката на Бичакчиќ во деветтата минута.

Scroll to Top