Top Sport

„Што направил Леброн за да биде меѓу најдобрите 5 во историјата?“

Пол Пирс поранешен играч на Бостон Селтикс смета дека на Леброн Џејмс не му е местото меѓу петмината најдобри играчи во историјата на НБА лигата.

Иако Леброн досега во кариерата освоил три шампионски титули и четири пати бил МВП на сезоната, според Пирс тој не ги исполнува критериумите за да биде меѓу најголемите.

„Дали Леброн од темел изградил некоја организација? Бил Расел ги изгради Бостон Селтикс, Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Тим Данкан, Коби Брајант, Лери Бирд“, рекол Пирс.

„Тие се меѓу десетмината најдобри кои помогнале да се изгради нивната организација“.

Ваквото тврдење на Пирс е најблаго кажано е чудно бидејќи Кливленд Кавалирс со Леброн ја освоија својата прва титула во историјата на франшизата.

Scroll to Top