Top Sport

Шутерска вечер на Репторси со 20 тројки, моќна партија на Кари против Клиперси

Кошаркарите на Торонто Репторс стигнаа до убедлив гостински триумф кај Сакраменто со 144-123 благодарени на одличното шутерско поу и дури 20-те постигнати тројки.

Фред Ван Флит броеше до 34 поени на мечот, а Паскал Сијакам заврши со ефект од 17 поени, 12 асистенции и 9 скока.

Голден стејт вориорс се вратија „од мртвите“ против Клиперси, и стигнаа до триумф од 115-105 иако имаа негатива и од -20.

Феноменалниот Стеф Кари постигна 38 поени, од кои дури 9 тројки.

Ова се сите ноќашни НБА резултати:

Детроит – Феникс 110-105 (по продолженија)
Бостон – Вашигтон 116-107
Њу Орлеанс – Шарлот 110-118
Њујорк – Оклахома 132-90
Хјустон – Орландо 132-90
Мемфис – Бруклин 115-110
Милвоки – Јута 118-131
Голден Стејт – ЛА Клиперс 115-105
ЛЛ Лејкерс – Чикаго 117-115
Сакраменто – Торонто 123-144

Scroll to Top