Top Sport

Сиетл Сторм ја освоија титулата (Видео)

Кошаркарките на Сиетл Сторм ја освоија титулата во женската НБА лига (WNBA). Сиетл во финалето ги победија Вашингтон Мистикс со 3:0. До трофејот кошаркарките од Сиетел дојдоа без пораз.Последниот меч од серијата, Сиетл Соторм го добија убедливо со 98:79.

Сиетл, третиот меч од финалната серија го реши во првото полувреме, кога стекнаа предност од 16 поени. Кошаркарките од Вашингтон, во вториот дел, се обдоа да се вратат во мечот, но најмногу што направија е што ја спуштија разлика на осум поени, некаде на средината на полувремето.

Наташа Хауард го предводеше Сиетл со 29 поени и 14 скока. МВП на финалето е нејзината колешка Бријана Сјуарт која во просек постигнувала по 25,6 поени по натпревар. Ианку, Сјуарт ја доби МВП наградата и за најкорисна кошаркарка во регуларниот дел од сезоната.

Scroll to Top