Top Sport

Сиксерси ги „казнија“ Мајами, Торонто и Голден Стејт почнаа лесно (видео)

Бен Симонс за малку пропушти трипл-дабл, а Филаделфија 76ерс со 130:103 ги победија Мајами хит во првиот меч од плеј-офот во Источната конференција за двата тима.

Симонс имаше 17 поени, 14 асистенции и девет скока, додека Џеј Џеј Редик уфрли 28 поени, а Филаделфија доминираше од далечина со 18 тројки од 28 обиди. Дарио Шариќ имаше 10 поени, а Ерсан Илјасова 17 поени и 14 скока за третите носители, а од друга страна Мајами беше предводен од Кели Олиник со 26 поени, а Горан Драгиќ додаде 15.

Актуелните шампиони ја почнаа одбраната на круната со лесна победа од 113:92 над Сан Антонио, предводени од Клеј Томпсон, кој имаше 27 поени и од Кевин Дурент кој додаде 24. Томпсон (11-од-13) и Дурент (9-од-17) имаа 20 коша од 30 обиди за вторите носители.

Серџ Ибака имаше 23 поени, а Торонто по 10 порази во првите мечеви од плеј-офот, конечно победи со 114:106 над тимот на Вашингтон визардс. Делон Рајт и Си Џеј Мајлс додадоа 30 поени за првите носители, додека Џон Вол ги предводеше Вашингтон со 23 поени и 15 асистенции.

НБА ПЛЕЈ-ОФ, 1.КОЛО

(1:0) Филаделфија – Мајами 130:103

(1:0) Торонто – Вашингтон 114:106

(1:0) Голден стејт – Сан Антонио 113:92

(0:1) Портланд – Њу Орлеанс 95:97

Scroll to Top