Top Sport

Будуќност стана АБА шампион откако Звезда се „накани“ да игра

Кошаркарите на Будуќност ја совладаа Црвена звезда со 77:73 во четвртиот меч од финалето на АБА лигата за да ја освојат титулата со 3:1 во меч кој беше под закана да не се одигра поради протестот на белградскиот клуб.

Во текот на денот од Црвена звезда најавуваа дека нема да играат во „Морача“ бидејќи сметаа дека беа оштетени во третиот натпревар кој се одигра во петокот.

На крајот, мечот започна според планот во 21 часот, и кошаркарите на Будуќност тргнаа по тронот на Звезда со моќен старт поведувајќи со 22:15 по првата четвртина. Звезда се „разбуди“ и на полувреме имаше предност од два поени (38:36).

Звезда во третата четвртина беше подобар противник и поведе со 49:41, но домаќините од 51:43 се вратија на 52:51 и последната четвртина ја почнаа со 60:57 негатива. Во финишот црногорскиот клуб беше постабилен  и иако Звезда имаше 68:70 предност на минута и пол до крајот, беше комплетиран пресвртот.

Гордиќ постигна 18 поени за Будуќност, Ивановиќ додаде 17, додека кај Звезда најдобар беше Рочести со 14 поени, а Омиќ имаше 12.

Црвена звезда вечерва нема да игра против Будуќност

Scroll to Top