Top Sport

Икарди си оди од Интер и од Италија

Мауро Икарди, по сите несогласувања, ќе го напушти Интер по завршувањето на сезоната, прашање е само која ќе биде неговата следна дестинација. Иако според шпекулациите постоеја две опции (да остане во Италија или да замине во Шпанија), во вторникот „Газета дело Спорт“, во својот текст тврди дека Аргентинецот ги договорил условите за трансфер во ПСЖ.

Икарди, откако навивачите му порачаа дека не заслужува да го носи дресот на Интер, на клупските челници им соопштил дека сака да го напушти клубот. Тој се поврзуваше со Јувентус во Италија, односно Реал и Атлетико во Шпанија, но според „Газета дело Спорт“, Интер ја прифатиле понудата од ПСЖ за својот напаѓач.

Од трансферот Интер треба да инкасира 70 милиони евра, а Икарди во ПСЖ би ја задолжил „деветката“. Доколку работите се одвиваат на овој начин, тоа значи дека ПСЖ ќе го напушти Единсон Кавани, кој уште од минатото место се поврзува со Атлетико Мадрид.

Scroll to Top