Top Sport

Симоновиќ од Чикаго Булс во Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда го официјализираше трансферот на центарот Марко Симоновиќ, кој потпиша двегодишен договор.

Црногорскиот кошаркар пристигнува од Чикаго Булс каде ги мина претходните две сезони. „Преку барата“ си замина од Мега.

Марко Симоновиќ е второто засилување на Црвена звезда за новата натпреварувачка сезона по враќањето на Дејан Давидовац (договор за три сезони), додека Лука Митровиќ го продолжи договорот со клубот на уште три сезони.

Scroll to Top