Top Sport

Симонс успеа, ја постигна првата тројка во НБА кариерата (Видео)

Еден обичен шут за три поени на натпреварот помеѓу Филаделфија Севентисиксерс и Њујорк Никс (109:104) ги фрли во екстаза навивачите на ’76.

Бен Симонс еден од најпреспективните плејмејкери во НБА лигата по три сезони ја погоди својата прва тројка во кариерата.

„Да! Успеа! Сега ќе го оставите на мир“, викал во микрофонот клупскиот коментатор.

Шутот за три поени е најголемиот минус во играта 208 сантиметри високиот австралиски плејмејкер. Во текот на летото тој работел само на шутот. Конечно успеа да погоди тројка на официјален натпревар.

Статистичарите пресметале дека на Симонс му биле потребни 172 натпревари за да ја постигне својата прва тројка во НБА лигата. Симонс ја игра својата трета сезона во НБА лигата, а злобниците пресметале дека до постигнувањето на својата прва тројка заработил 19 милиони долари.

Scroll to Top