Top Sport

Синот на Мирза Делибашиќ уапсен за киднапирање!

Синот на легендарниот босански кошаркар Мирза Делибашиќ, Дарио Делибашиќ е уапсен во Сараево под сомнеж дека учествувал во киднапирање на 25-годишниот Тамер Килерџи на 20 април оваа година.

Турчинот Килерџи, еден од сопствениците на една кафеана со наргиле во Сараево, бил пречекан на улица и однесен во населбата Илиџа, по што е баран висок откуп, за само еден ден подоцна тој да биде пуштен на слобода и да го пријави инцидентот на полицијата.

Според босанскохерцеговските медиуми, Делибашиќ им ја изнајмил викендичката на киднаперите, кои наводно се граѓани на Србија и Црна Гора.

Мирза Делибашиќ беше сметан за еден од најдобрите шутери во историјата на европската кошарка, а во 1991 година беше прогласен за еден од најдобрите 50 кошаркари според ФИБА, за во 2007 година да влезе во Куќата на славните на ФИБА.

Сепак, во кариерата го следеа и несреќи – во 1983 година на само 29 години тој имаше мозочен удар, по што се повлече од кошарката. Тој имаше проблеми со алкохолот во текот на целиот живот, што беше и причина за неговата смрт на 47 години во 2001 година.

Scroll to Top