Top Sport

Чеферин ветува: Нема промена на ЛШ без согласност на федерациите

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин тврди дека нема да се остварат контроверзните промени на форматот на Лигата на шампионите без консултација на националните федерации кои ја сочинуваат УЕФА.

Ова доаѓа откако планот на УЕФА поддржан од Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), каде што членуваат најголемите (и најбогатите) европски клубови, беше критикуван за најавата за „реформа“ на ЛШ од 2024 со 24 постојани членови и само 4 места преку европските квалификации. Ова налути дел од малите европски фудбалски нации и Чеферин вели дека нема да има драстични промени без поддршка.

„Нема да одлучиме ништо без да ги земеме во предвид сите мислења. Никогаш нема да прифатиме промени кои ќе штетат на европскиот фудбал. Во моментов има процес на консултации и сакаме да ги чуеме сите мислења“, вели Чеферин по состанокот на 55-те федерации во Будимпешта.

Новите информации велат дека УЕФА планира европска лига со три „нивоа“ со можност за испаѓање и влегување во секоја дивизија. Германската и француската фудбалска федерација јавно изјавија дека се против овој предлог, а Французите најавија контра-предлог кој ќе се објави наскоро.

Лигата на шампионите станува Лигата на елитата од 2024?

Scroll to Top