Top Sport

Сите прифатиле, а капитенот на Бросе Баскет одбил намалување на платата

Кошаркарите и тренерите на Бросе Баскет Бамберг од Германија следејќи ги примерите на повеќето спортски колективи во светот прифатиле намалување на платите за 50% поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Сепак, еден од нив, и тоа капитенот, Елијас Херис одбил да му биде намалена платата.

Поради тоа, својот став го искажал претседателот на клубот, Мајкл Сточек кој секако е разочаран од Херис.

„Благодарен сум им на сите кои ја поддржаа нашата кошаркарска компанија во текот на оваа криза, како и сите кои ги прифатија овие мерки. Многу сум разочаран што нашиот капитен не го одржа својот углед и што е единствениот кој го одби овој предлог” – изјави Сточек.

Германското кошаркарско првенство е суспендирано до 30-ти месецов поради коронавирусот.

Бросе Баскет Бамберг предложиле сезоната да биде откажана.

Scroll to Top