Top Sport

Сител Сторм ја освоија женската НБА

Кошаркарките на Сиетл Сторм ја освоија титулата во женската НБА лига. Во финалето тие убедливо ги поразија Лас Вегас Ејсис. Третиот меч кошаркарките на Сиетл го добија со 92:59.

Сиетл Сторм ја освоија четвртата титула во историјата на франшизата со што се израмнија на вечната листа со Хјустон Корнетс и Минесота Линкс.

За МВП беше прогласена Бријана Стјуарт, кошаркарка која минатата сезона ја пропушти поради повреда. Стјуарт во третиот натпревар постигна 26 поени.

Scroll to Top