Мирин Фадер – авторот на новата автобиографија на актуелниот НБА шампион со Милвоки Бакс, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо открива неколку пикантерии од минатото на кошаркарот.
Хит на социјалните мрежи стана приказната поврзана со поранешниот плајмејкер во НБА лигата, Џејсон Кид, актуелен тренер на Далас Маверикс, а екс-кормилар на Милвоки Бакс.
Автобиографијата опишува моменти по мечот одигран на 23 декември 2017 година меѓу Милвоки и Шарлот Хорнетс. Бакси кои биле тим во подем загубиле на тој меч, а во плановите веќе ја имале прославата на католички Божиќ. Тивко влегле во соблекувалната по мечот и го чекале тренерот.
Кога Кид влегол, го прашал центарот Заза Пачулија дали тоа било меч кој можеле да го добијат. Кога Грузиецот дал позитивен одговор, тренерот го прашал пред останатите дали екипата заслужува одмор во следните 2 дена. Пачулија со дипломатски одговор нагласил дека се несреќни по поразот, но Божиќ е важен за целата екипа затоа што речиси целата сезона ја поминуваат далеку од семејството. Кид не бил задовлен со одговорот, па истото прашање му го поставил и на Џеред Дадли. Кога и од него добил дипломатски одговор, презел драстични мерки.
Играчите протестирале затоа што сите веќе имале планови за следните два дена. Иако многумина морале да отпатуваат надвор од градот, од државата, па дури и од континентот, Кид за следното утро закажал „казнен“ тренинг.
Јанис ги опишува деталите од тој тренинг. Вели дека „трчале цел ден“, а притоа добивале навреди од тренерот како „го.но“, „ужасен играч“ и слично.
I read the new Giannis biography that is coming out tomorrow. My biggest takeaway is that Jason Kidd should not be be allowed to be around other people let alone coach an NBA team. The worst story is his response to a team loss on the day before Christmas Eve. pic.twitter.com/SYdwfX3t9t
— Dr. Elliot Kupferberg's Water Bottle (@FakeTJHawke) August 9, 2021