Top Sport

Скандал на натпревар во Лигата на шампиони на ФИБА (Видео)

Квалификациите за пласман во Лигата на шампиони на ФИБА, започнаа со инцидентот што го предизвикаа навивачите на израелскиот тим Хапоел од Тел Авив.

Хапоел победи во првиот натпревар (76:73), а во реваншот во Белгија убедливо беше поразен (73:59), поради што го заврши настапот во квалификациите.

Сепак, навивачите на Хапоел, се „погрижија“ овој натпревар бргу да биде забораван. Во текот на натпреварот што се играше во Шарлроа, тие во еден момент започнале да фрлаат столчиња кон домашните фанови и редарите. Некои од столчињата завршија и на теренот.

Поради овој инцидент дуелот бил во прекин околу 30 минути.

Scroll to Top