Top Sport

Знаете ли колку гласови добил Нејмар?

ФИФА, синоќа им ги додели наградите на најдобрите во изминатата сезона, а помалку нереално делува податокот дека најдобриот бразилски фудбалер, Нејмар јуниор, не добил ниту еден глас.

Нејмар, по трансферот од Барселона ја испони целта и со клубот ги освои сите трофеи во Франција, но сепак не успеа да направи значаен резултат до ПСЖ во Лигата на шампионите и со Бразил на Светското првенство.

Човекот кој е проектиран да ги наследи на врвот Меси и Роналдо и кој неколку пати во ваквите избори беше зад нив двајца, во гласањето не дибил ниту еден глас.

Интересно е тоа што за него не гласале ниту селекторот, ниту капитенот на бразилската репрезентација.

Селекторот на „Селесао“, Тите, поени им дал на Критијано Роналдо, Килијан Мбапе и Лео Меси, а капитенот Миранда, гласал за Лука Модриќ, Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.

Scroll to Top