Top Sport

Скандал во САД – очувот на Вилијамсон примил поткуп

Нов скандал е на повидок во колеџ кошарката (НЦАА) во САД. Американските медиуми тврдат дека очувот на ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс Зајон Вилијамсон земал поткуп.

Вилијамсон е поранешен студент на унивезитетот Дјук, минатото лето беше прв пик на драфтот.

Според медиумите, во минатото, очувот на кошаркарот Ли Андерсон примил поткуп од 400.000 долари од маркетинг менаџерот од Канада, Славко Ѓуриќ.

Се шпекулира дека тој парите ги добил преку менаџерот како знак на благодарност од трета страна дека го одбрал универзитетот Дјук.

Тренер на еден од најпознатите универзитети во САД е легендарниот тренер Мајк Кшишевски.

Доколку биде докажано дека очувот примил поткуп тогаш универзитетот ќе се соочи со сериозни последици.

Scroll to Top