Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серџо Скариоло, смета дека Американците веќе го „освоиле“ златниот медал на Олимписките игри во Токио.
САД и Шпанија, изминатата ноќ во Лас Вегас одиграа контролен натпревар. Американците победија со 83:76. Во текот на подготовките САД забележаа два порази, од Нигерија и Австралија.
„Мислам дека веќе им е запишан златниот медал. Доколку Американците играат според потенцијалот, дури и малку полошо, тогаш не постои тим во светот што може да ги победи во вистински натпревар, кока се игра за нешто вредно, како што е златниот медал на Олимписките игри“, рекол Скариоло и дополнил.
„Да бидеме реални, да не ги лажеме луѓето и да не продаваме нешто што немаме“.
САД на ОИ во Токио, ќе играат против Франција, Иран и Чешка, додека противници на Шпанците ќе им бидат Аргентина, Јапонија и Словенија.