Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија Серџо Скариоло открил како го подготвил финалниот меч на последното Светско првенство. Шпанија во Пекинг, во септември 2019 година, ја победи Аргетнина 95:75 и втор пат во својата историја ја освои титулата светски првак.
Аргентинците кои беа хит на првенството и кои ги победија Литванија и Србија во финалето немаа никакви шанси против „црвената фурија“.
„Ментално и физички бевме сконцентрирани на почетокот на мечот бидејќи Аргентинците сите мечеви ги започнуваа силно и енергично, по што нивните ривали тешко се враќаа. Поради тоа ние направивме некои прилагодувања во стартната петорка и во тактиката на почетокот. Никогаш не ја истакнувам првата четвртина туку последната, но да бидам искрен на тој меч се беше поинаку. Сакав енергетски и емотивно да тргнеме најсилно што можеме“, рекол италијанскиот стручњак.
„Кошаркарски гледано моравме да најдеме начин и да го растуриме тандемот Кампацо-Скола кој беше рбетот на тимот. Тоа ни беше појдовна точка кога размислувавме за офанзивните и дефанзивните поставки“.
За крај Скариоло порачал дека покрај одличната игра на неговиот тим една од причините била и големата доза на почит која играчите ја покажале кон Аргентинците.