Top Sport

Скариоло ќе биде новиот тренер на Реал?

Актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Италијанецт Серхио Скариоло, наскоро би можел да стане тренер на Реал Мадрид.

Реал Мадрид во финишот на минатата сезона реши да се раздели со Пабло Ласо, откако шпанскиот тренер имаше здравствени проблеми.

Испразнетото место го пополни неговиот долгогодишен помошник Чус Матео. Медиумите шпекулираат дека тој нема да биде тренер на „кралскиот клуб“ селектор следната сезона.

Како што пренесува грчката СДНА, Серхио Скариоло (тренер на Виртус Болоња) е главен кандидат за позицијата прв тренер на Реал Мадрид.

Според овој извор, Скариоло и Реал се во преговори подолго време и наскоро би можела да следува официјална потврда.

Постојат шанси Реал Мадрид да го заврши регуларниот дел од Евролигата на првото место, додека Виртус одамна испадна од битката за Топ 8.

Scroll to Top