Аргентина е хит на Светското првенство во Кина. „Гаучосите“ преку две силни европски селекции (Србија, Франција) успеаја да стигнат до финалето. Предводникот на тимот, 39 годишниот Луис Скола, според неговиот поранешен соиграч Андрес Носиони е најголемиот спортист на Аргентина на сите времиња.
Носиони и Скола беа во тимот кој о загуби финалето во Индијанаполис во 2002 година, а учествуваа и во најголемиот успех во историјата на аргентинската кошарка, кога генерацијата предводена од Ману Џинобили го освои златниот медал на Олимписките игри во Атина.
За да биде најголемиот спортист на сите времиња во една фудбалска земја, каква што е Аргентина, Скола ќе мора да стане светски првак, но дури и тогаш многумина нема да се согласат дека тој е пред фудбалските легенди Диего Марадона и Лионел Меси.
„Она што Луис Алберто Скола го направи против Франција го промовира во најдобар аргентински спортист во историјата. Тешко е да се справат споредби, но ова е историски успех. Тое е нешто што го раздвојува од другите и што го става во редот на најдобрите спортисти во историјата. Овој тим повеќе не живее во сенка, сега има своја светлина. Тој направи нешто магично. Овој тим веќе си најде место во историјата“, рекол Носиони.
Финалето на Светското првенство во кошарка помеѓу Аргентина и Шпанија се угра утре од 14 часот.