Top Sport

Славеникот Џејмс ја растури Атланта, трипл-дабл на Јокиќ, Јанис, Лавин и Мекалум со 40+ поени

Само ЛА Лејкерс славеа на гостински терен изминатата ноќ во НБА лигата. Лејкерси предводени од Леброн Џејмс победија во Атланта. Инаку, изминатат ноќ во лигата ја побележаа неколку брилијантни индивидуални партии. Никола Јокиќ забележа трипл-дабл, а Џејмс, Зек Лавин, Си-Џеј Мекалум и Јанис Адетокумбо постигнаа преку 40 поени.

Денвер Нагетс се врати на првата позиција во Запдната конференција, откако го победија Мајами со 124:119. На гостите им пресуди Џамал Мареј кој седум од своите 14 поени постигна во последните 120 секунди. Јокиќ запиша нов трипл-дабл, осми во сезоната, со 19 поени и по 12 скока и асистенции. Кентавијус Колдвел Поуп беше најефикасен во победничкиот тим со 20 поени и по два скока и асистенции.

Најголем отпор на противникот пружи Тајлер Хиро со 26 поени, 10 скока и пет асистенции, додека Бем Адебајо имаше 22 поени и седум скока.

Леброн Џејмс во Атланта го прослави 38 роденден. „Кралот Џејмс“, роденденот си го честиташе со 47 поени и 10 скока за 40 минути на теренот, додека му недостигаше само една асистенција за нов трипл-дабл.

Во триумфот на Лејкерси 130:121 покрај Џејмс се истакнаа и Томас Брајант со 17 поени и 11 скока и Расел Вестбрук со 14 поени и 11 асистенции.

Кај Атланта најдобри беа Треј Јанг со 29 поени и осум асистенции, додека Дежонте Мареј запиша 20 поени, седум скока и девет асистенции. Трета напаѓачка опција беше Богдан Богдановиќ, 17 поени четири скока и три асистенции.

Милвоки долго време се мачеа со Минесота, на крајот славеа со 123:114.

Јанис Адетокумбо забележа 43 поени, 20 скока и пет асистенции. Ова е негов втор последователен натпревар со 40+ поени и 20+ скокови.

Го следеа Боби Портис со 22 поени и 14 скока и Џо Инглс со 14 поени и 10 скока. Најголем отпор на другата страна пружи Ентони Едвардс со 30 поени и 10 скока.

Чикаго победи против Детроит со резултат 132:118.

Тимот од Илиноис до победата го предводеше Зак Лавин со 43 поени. Црногорскиот центар Никола Вучевиќ го заврши натпреварот со 19 поени и девет скока, а Горан Драгиќ имаше четири поени, два скока и асистенција.

Кај Пистонс, Бојан Богдановиќ имаше 20 поени, шест асистенции и четири скока.

Во останатите натпревари, Филаделфија загуби во Њу Орлеанс. Пеликанс победија со резултат 127:116, а најзаслужен беше Си Џеј МекКолум кој имаше 42 поени, пет асистенции и четири скока и постави рекорд во франшизата со 11 тројки.

Кевин Хертер беше важен за Сакраменто бидејќи постигна тројка на крајот од мечот против Јута за да му донесе победа на својот тим (126:125). Тој беше и најефикасен кај кралевите со 30 поени.

Резултати:

Торонто Репторс – Феникс Санс 113:104
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 121:130
Чикаго Булс – Детроит Пистонс 132:118
Милвоки Бакс – Минесота Тимбервулфс 123:114
Њу Орлеанс Пеликанс – Филаделфија Севентисиксерс 127:116
Денвер Нагетс – Мајами Хит 124:119
Сакраменто Кингс – Јута Џез 126:125
Голден Стејт Вориорс – Портланд Трејл Блејзерс 118:112

Scroll to Top