Управниот одбор на Евролигата донесе одлука за проширување на лигата почнувајќи од наредната сезона. Од сезоната 2025/26 во Евролигата ќе се натпреваруваат 20 екипи.
На денешното гласање победи опцијата што подразбира зголемување на бројот на учесници од претходните 18 на 20.
Ова значи дека во следната сезона ќе играат 17 клуба од сезоната зад нас, Хапоел Тел Авив како победник на Еврокупот, како и Валенсија и Дубаи.
Од 18-те клуба што се натпреваруваа во сезоната 2024/25, нема да ја гледаме само берлинската Алба.
Следната сезона во Евролигата ќе се натпреваруваат: Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Олимпија Милано, Барселона, Баерн, Фенербахче, Асвел, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Виртус, Жалгирис, Хапоел Тел Авив, Валенсија и Дубаи.
Новата, историска сезона во Евролигата започнува во октомври, а Фенербахче ја брани титулата.