Top Sport

Слоган од логорите на смртта за кошаркарите на Макаби во Истанбул

Кошаркарскиот клуб Макаби најави дека сериозно ќе се занимава со инцидентот што синоќа се случил во Истанбул. Во хотелот во кој се сместени играчите и стручниот штаб го чекал слоганот што го употребувале нацистите во логорите на смртта, за време на Втората светска војна.

„Arbeit macht frei“ или во превод „Работата ослободува“, е слоганот што асоцира на злогласниот логор на смртта, Аушвиц.

Клупските челници сериозно ја разбрале пораката и на социјалните мрежи објавија дека сериозно ќе се позанимаваат со овој случај.

„Ваквите работи ќе сваќаме сериозно. Нема место во кошарката за ваква провокација“, порачале од клубот.

Инаку, Макаби, вечерва од 19 часот, во 11.коло во Евролигата, ќе гостува кај Дарушафака.

Scroll to Top