Кошаркарската репрезентација на Словенија го заврши Мундобаскетот на седмото место. Словенците во борбата за пласман ја победија Италија со резултат 89:85. За Словенија ова е најдобриот пласман на СП.
Во многу неизвесен натпревар видовме голем пресврт на Италијанците и драма во последната минута во која Словенците извојуваа тесна победа иако во еден момент водеа и со 15 разлика.
Клучната тројка за Словенија ја постигна Јакоб Чебашек на 40 секунди до крајот на натпреварот.
Натпреварот мина во знакот на италијанскиот капитен, Луиџи Датоме кој го одигра последниот натпревар во кариерата.
I'm not well right now 🥹#FIBAWC x #WinForItalia 🇮🇹 pic.twitter.com/WZLcNfsvdD
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 9, 2023
Лука Дончиќ ја предводеше Словенија со 29 поени, 10 скока и осум асистенција. Кај Италија се истакнаа Марко Спису со 22 и Симоне Фонтекио со 16 поени.
Фото/FIBA