Top Sport

Словенија се намачи, но ја победи Литванија

Актуелниот шампион, Словенија се намачи, но стигна до 92:85 победа над Литванија во „групата на смртта“ на Евробаскет 2025, враќајќ се од негатива во последната четвртина.

Откако беше ефикасно сопрен од Литванците, Лука Дончиќ го заврши мечот со 14 поени, 6 скока и 10 асистенции, но имаше само 1-од-8 во обидите за три поени и вкупно 4-од-13 од игра од поле. По првата четвртина беше израмнето 27:27, а Словенците имаа 51:48 предност на полувреме, разлика која ја оддржуваа и во третата четвртина. Литванците прават пресврт преку Кузминкас и поведуваат со 78:73, пред Дончиќ со неколку добри акции да ја врати предноста на Словенија, пред Драгиќ со тројка да ги одвои на четири поени (85:81).

Мајк Тоби беше најдобар за Словенците со 24 поени, Драгиќ имаше 19, додека Кузминкас со 19 и Григонис со 18 беа најдобри кај Литванија.

Scroll to Top