Top Sport

Слукас се враќа дома, во Олимпијакос

Костас Слукас, еден од најдобрите европски плејмејкери, нема да ја прифати понудата од Реал Мадрид, тој се подготвувал да се врати дома, во Олимпијакос.

Слукас има договор со Фенербахче до 202 година, меѓутоа финансиската криза во која подолг период се наоѓа турскиот клуб го натералал да ги смени плановите. Израелските медиуми пишуваат дека тој веќе постигнал договор со својот поранешен клуб. Според овие извори Слукас со Олимпијакос ќе потпише три годишен договор.

Најпрвин Олимпијакос ќе мора да се договори со Фенербахче околу обесштетувањето.

Слукас е роден во Солун во 1990 година, играл за Мандулидес, а на 18 годишна возраст се преселил во Олимпијакос. во кариерата има три титули во Евролигата, две со Олимпијакос и една со Фенербахче.

Scroll to Top