Top Sport

Смена на врвот – Вориорс поразени во Њу Орлеанс, Финикс славеа протв ЛА Клиперс

Голден стејт Вориорс без двајцата најдобри играчи доживеаја пораз од Њу Орлеанс 101:96. Со третиот пораз во последните пет натпревари Вориорс им ја препуштија челната позиција во лигата на Финикс. Санс триумфираа во дуелот со ЛА Клиперс 106:89.

Без Стеф Кари, кој се повреди на претходниот натпревар против Далас и Дрејмонд Грин, Вориорс запишаа минимален пораз од Њу Орлеанс.

Поранешниот играч на Лејкерси, Брендон Инграм со 32 поени и 11 скокови беше нерешлива енигма за Вориорс, во чии редови најефикасен беше Ендру Вигинс со 21 кош.

Вориорс со скор 29 победи и девет порази се втори на Западот и во лигата. Првото место со победа повеќе го држат Финикс. Ветеранот Крис Пол со трипл-дабл од 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции, го предводеше тимот до победата над ЛА Клиперс.

Scroll to Top