Top Sport

Смешна казна за Дрејмонд Грин

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Дрејмонд Грин е суспендиран на само еден натпревар поради газењето на Домантас Сабонис во вториот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Западната конференција.

Искусниот крилен напаѓач во последната четвртина намерно згазна на еден од најдобрите играчи на Сакраменто. Грин беше исклучен, а по натпреварот се правдаше дека Сабонис го фатил за ногата.

НБА презеде дисциплински мерки, вклучително и наведување на минатите епизоди на неспортско однесување на играчите.

„Кралевите“ ги добија првите два меча против актуелниот шампион, а третиот и четвртиот дуел се закажани за 21 и 23 април во Сан Франциско.

Третиот натпревар би можел да биде клучен ако се знае дека никогаш во историјата, ниту еден тим, не добил серија кога губел со 3:0.

Scroll to Top