Искусниот бек шутер на Кливленд Кавалирс, Џеј Ар Смит, стана автор на најглупавиот потег во историјата на финалните натпревари во НБА лигата.
Голден стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс ја започнаа финалната серија, а првиот меч донесе драма во финишот и неверојатна реакција на Смит.
При резултат 107:106, на пет секунди до крајот Џорџ Хил доби две слободни фрлања. Грин го погоди првото, не и второто, но топката ја прифати неговиот соиграч Смит, кој наместо да шутира, побегна од кошот.
Натпреварот потоа влезе во продолжението, во кое Вориорс погодија неколку тројки и забележаа победа 124.114.
По мечот Смит рекол дека знаел дека резултатот е нерешен, но мислел дека ќе биде повикан тајм-аут.
Сепак една камера од теренот открива како Смит на Леброн Џејмс му вели дека мислел дека предноста е кај нив и поради тоа се решил да не шутира.
Леброн Џејмс одигра уште еден неверојатен меч, постигна 51 поен, а по мечот на прес конференцијата го коментирал потегот на Смит.
„Знам дека беше нерешено, имавме поен негатива, Хил го погоди првото слободно, потоа промаши, добивме скок во напад и мислев дека сме свесни што се случува. Вака јас ја видов целата ситуација.“, рекол Џејмс.
„Не знам што се случуваше во неговата глава и не ми е јасно што сакате да ме прашате“, нервозно одговорил Џејмс и ја напуштил прес салата откако еден новинар го прашал: „Дали знае дека Џеј Ар знаел кој резултат стои на семафорот?“.
“I don’t know his state of mind.”
LeBron leaves the podium after questions surrounding JR Smith at the end of regulation. (via @NBATV) pic.twitter.com/lseHl7FwFc
— NBA on TNT (@NBAonTNT) June 1, 2018