Top Sport

Со Ѓоковиќ на трибините, Звезда ја намачи Барса, но немаше сили за подвиг

Црвенa звезда пристојно го намачи лидерот во Евролигата, Барселона, но на крајот пред бучната домашна публика (меѓу која беше и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ) загуби со  69:76 во 15. коло во европската елитна лига.

Барселона имаше подобар старт на мечот, но Звезда, со својата фантастична одбрана се врати во втората четвртина, за на полувреме да отиде само со три поени негатива (31:34). Тогаш се мислеше дека мечот е завршен, откако гостите направија најголема разлика од 12 поени пред последната четвртина. Тимот на Дејан Радоњиќ, успеашно се врати во последната четвртина, за на две минути пред крајот повторно да биде само 3 разлика, но искусниот тим на Шарунас Јасикевичиус стигна до победа, нивна осма во последните девет меча.

ЕВРОЛИГА, 15.КОЛО

Анадолу Ефес – Басконија 87:72 (13:21, 30:21, 23:20, 21:10)

Фенербахче – Макаби Тел Авив 90:79 (23:18, 19:19, 28:14, 20:28)

Црвена звезда – Барселона 69:76 (13:20, 18:14, 18:27, 20:15)

Олимпија Милано – Панатинаикос 75:54 (15:19, 18:10, 24:13, 18:12)

Реал Мадрид – Алба Берлин 87:64 (19:16, 24:10, 17:20, 27:18)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top