Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија вечерва тимот на Њујорк Никс на гостински терен со резултат 113-99. Нова одлична партија имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Тој мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 32 поени и 11 скока.
Српскиот центар покрај поените, ги разигруваше и соиграчите што наиде на воодушевување во „Медисон Сквер Гарден“.
За 27 минути на паркетот тој имаше шут 14/18 од игра, 3/7 за тројка, надополнето со 5 асистенции и 4 загубени топки.
Покрај Јокиќ, Наџи се истакна во победничкиот тим со 21 поен, додека кај Никси најефикасен беше Џулиус Рендл со 24 поени, 7 скока и 8 асистенции.
Денвер е седмопласиран во Западната конференција со скор 11-11, а Никси се 11-ти на Истокот, со учинок 11-12.