Top Sport

Состојбата му е критична откако се онесвестил на теренот

Кошаркарот на Гренд рапид Драјв, Зек Апшо, колабирал за време на натпреварот против Лонг ајленд Нетс во Развојната лига.

Апшо се онесвестил во последната минута од натпреварот. Тој веднаш бил хоспитализиран и дека неговата состојба е критична.

„Доживеа срцев удар и се наоѓа во критична состојба“, пишуваат медиумите во САД.

Апшо на овој натпревар постигнал 11 поени, а неговиот тим со победата 101:99 дојде до позициите што водат во плејофот.

Кошаркарот ја игра својата втора сезона во филијалата на Детроит Пистон, откако претходно три сезони играл на универзитетот Илионис. Последната универзитетска година тој ја минал на колеџот Хофстра.

Scroll to Top