Top Sport

Англичаните со новото радикално ќе ја сменат фудбалската игра

Фудбалската игра со текот на годините доживеа драстични промени, а новите правила што ќе ги тестираат Англичаните се закануваат да го претворат во циркуз.

Гол-технологијата и ВАР системот се воведени за да им ја олеснат работата на судиите, но правилото кое ќе биде тестирано во Англија веќе ја подели фудбалската јавност.

За што се работи? За да спречат комуникација и вербални напади врз судиите, Англичаните ќе им дозволат на судиите да исклучат одреден игра или играчи на 10 минути.

Правилото ќе се применува доколку потегот на фудбалерот не таков за да биде казнет со црвен картон. Играчот во тој случај би бил надвор од теренот 10 минути, а потоа би се вратил во игра.

Англичаните планираат ова правило да го тестираат во понискиот натпреварувачки ранг, а планот е низ годините да започне да се применува и во Премиер лигата.

Според судијата Мајк Рајли, правилото добро функционирало на натпреварите во младинските категории.

„Може да се каже дека на тие натпревари имаше 38 отсто помалку расправии со судиите. Јасно е дека никој не сака да биде исклучен на 10 минути. Сите играчи ќе мора да внимаваат на својот „јазик“ и на своето однесување.“, рекол Рајли.

Scroll to Top