Top Sport

„Состојбата на Кузмиќ е стабилна, но многу сериозна“

Здравствената состојба на кошаркарот Огњен Кузмиќ е стабилна , но и понатаму е многу сериозна, соопшти неговиот клуб Црвена ѕвезда.

Повикувајќи се на информации клубот објави дека дополнителните прегледи покажале дека нема дополнителни компликации.

„Во понеделникот, во раните утрински часови, повторно се извршени детални прегледи врз Кузмиќ. Му бил направени скенер на главата и рендген на белите дробови. Прегледите покажале дека по 24 часа од несреќата нема дополнителни компликации и дека полека во функција се враќаат белите дробови“.

Српскиот репрезентативец вечера се здоби со тешки повреди во сообраќајната несреќа што се случила на магистралниот пат Бања Лука-Приједор. Поради сериозноста на повредите тој веднаш со хеликоптер бил префрлен во ургентниот центар во Белград.

Според клупското соопштение Кузмиќ и понатаму се наоѓал во вештачка кома.

Во сообраќајка тешко повреден кошаркарот Кузмиќ (фото)

Scroll to Top