Top Sport

Совршен меч на Дурент, историја за Конли, луда серија на Оклахома (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата победи забележаа екипите на Голден стејт Вориорс, Оклахома Тандер и Портланд Трејлблејзерс.

Актуелните шампиони против Мемфис Гризлис мечот го решија во последните девет минути, кога со серија 27:11 стигнаа до конечните 118:103.

Кевин Дурент одигра речиси совршен меч, тој промаши само еден одби од поел (12/13), а мечот го заврши со 28 поени, 9 скока и 5 асистенции. Ист број на поени со 10 скока и 7 асистенции реализираше Стеф Кари, а Демаркус Казинс имаше 16 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Кај Мемфис се истакнаа Јонас Валанчунас со 27 поени и 13 скока, односно Мајк Конли со 22 поени.

Конли вечно ќе го памети овој натпревар, бидејќи стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата. Бекот на Гризлис стигна до бројката од 11.687 поени во кариерата.

Оклахома Тандер, имаа неверојатен период во третата четвртина, кога со серија 24:0, негативата 48:58, ја претворија во водство 72:58 против Индијана Пејсерс. На крајот Тандер славеа 107:99.

Пол Џорџ беше најефикасен со 31 поен, Стивен Адамс забележа 25 поени и 12 скока, а Расел Вестбрук го забележа 29 трипл-дабл во сезоната (17 поени, 11 скока, 12 асистенции).

Пејсерс ги предводеа Бојан Богдановиќ со 28 поени, односно Домантас Сабонис со 18 поени и 10 скока.

Портланд, во првиот мел беа Јусуф Нуркиќ, во Чикаго ги декласираа Булс 118:98. Резервите го предводеа Портланд, Сет Кари постигна 20, Родни Худ 15, Зек Колинс 13 поени.

Scroll to Top