Top Sport

СП Кина 2019: Шпанците се намачија со Порторико, Србиja со „нереален“ триумф над Филипините! (видео)

Кошаркарската репрезентација на Шпанија стигна до втората победа на Светското првенство во Кина, откако по лошиот старт со 73:63 ја добија репрезентацијата на Порторико.

„Фуријата“ победата ја обезбеди во второто полувреме, откако Порторико имаше одлично отварање и водство од 21:17 по првата четвртина. Марк Гасол со 19 и Рики Рубио со 17 поени беа најефикасни за Шпанците, додека Клавел имаше 13 за Порторико. Ова е втора победа на Шпанија по убедливиот 101:62 триумф над Тунис.

Русија не дозволи изненадување од Јужна Кореја за да стигне до 87:73 победа, за втор триумф во својата група Б. Виталиј Фриздон и Андреј Воронцевич имаа по 13 поени за „зборнаја“. Полска пак, исто така успеа да ја запише втората победа на шампионатот, но дури по продолженија од 79:76 над Кина.

Додека сите овие мечеви беа неизвесни, Србите поставија рекордни 37 асистенции за со нереални 126:67 да ја победат репрезентацијата на Филипините. „Орлите“ од почеток до крај ги „газеа“ своите противници, а најефикасен беше Бјелица со 20 и Богдановиќ со 17 поени, додека Никола Јокиќ додаде 11 поени, 7 скока и 7 асистенции.

ГРУПА А

Кина – Полска 76:79 (25:15, 10:24, 19:18, 18:15, 4:7)

Табела: 1.Полска 4, 2.Кина 3, 3.Венецуела 3, 4.Брег на Слонова Коска 2

ГРУПА Б

Русија – Јужна Кореја 87:73 (27:18, 13:19, 23:12, 24:24)

Табела: 1.Аргентина 4, 2.Русија 4, 3.Нигерија 2, 4.Јужна Кореја 2

ГРУПА Ц

Порторико – Шпанија 63:73 (21:17, 14:19, 10:21, 18:16)

Табела: 1.Шпанија 4, 2.Порторико 3, 3.Тунис 3, 4.Иран 2

ГРУПА Д

Србија – Филипини 126:67 (28:13, 34:22, 37:13, 27:19)

Табела: 1.Србија 4, 2.Италија 4, 3.Ангола 2, 4.Филипини 2

Scroll to Top