Top Sport

СП во кошарка без Лука Дончиќ, Хрватите се „спасија“

Украина и официјално го елиминираше европскиот шампион Словенија во квалификациите за СП во 2019 година, откако успеа да ги „растури“ „змајчеки“ со 82:54 во Запорожје.

Дури шест украински кошаркари имаа над 10 поени во мечот, а најефикасен беше Кобец (13), додека кај Словенците најефикасен беше Грегор Хорват, со 13 поени.

Хрватска пак, ја издржа тешката последна четвртина за 74:69 победа над Унгарија за да ги задржи шансите за пласман на Мундијалот во Кина. Миро Билан имаше 22 поени и 13 скокови, додека кај Унгарците, Золтан Перл имаше 20 поени.

ГРУПА И, 9 КОЛО

Турција – Шпанија 71:67 (15:15, 21:19, 20:14, 15:19)

Украина – Словенија 82:54 (22:18, 13:7, 23:9, 24:20)

Летонија – Црна Гора 75:84 (20:24, 21:21, 20:16, 14:23)

Табела: Турција 16, Шпанија 16, Украина 14, Црна Гора 14, Летонија 14, Словенија 11

ГРУПА Ј, 9.КОЛО

Хрватска – Унгарија 74:69 (22:15, 22:23, 18:12, 12:19)

Холандија – Полска 78:105 (18:27, 19:26, 24:26, 17:26)

Италија – Литванија 70:65 (20:24, 22:11, 11:18, 17:12)

Табела: Литванија 17, Италија 16, Полска 14, Хрватска 13, Унгарија 13, Холандија 12

Scroll to Top