Василис Спанулис влезе во историјата на Евролигата. Легендарниот кошаркар на натпреварот кој Олимпијакос го загуби од Фенербахче (87:96) стана играч со најмногу постигнати поени во Евролигата.
Против турскиот тим Спанулис постигна 14 поени со кои во својот 318 натпревар дојде до бројката од 4.156 поени, четири повеќе од досегашниот лидер Хуан Карлос Наваро.
Спанулис кога го достигна рекордот беше поздравен од сите во арената „Мир и пријателство“.
Бекот е жива легенда на Олимпијакос, човек кој ги предводеше до освојувањето на две од трите титули во Евролигата.
#EuroLeague tarihinin en skorer oyuncusu olan Vassilis Spanoulis'i Zeljko Obradovic de ayakta alkışlıyor! ??pic.twitter.com/hbkXycvTgl
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) January 2, 2020