Сан Антонио спарс решиле да му го раскинат договорот на 12. пик на минатогодишниот драфт, 19-годишниот Џошуа Примо во петокот откако тој се разголувал пред барем една вработена во клубот, тврди „ЕСНП“.
Според нивните извори, поранешната вработена во клубот веќе најмила адвокати и планира да ги тужи Примо и Сан Антонио, што е главната прична што клубот решил да ја раскине соработката со тинејџерот.
Примо во понеделник ќе стане слобден агент доолку некој тим не го „прибере“ и неговата плата од 4.1 милиони долари за оваа сезона и 4.3 милиони долари за 2023/24. Според „ЕСПН“, за Примо, кој имаше просек од 5.9 поени и 2.3 скока в 19.6 минути минатата сезона, се заинтересирани повеќе клубови, но сакаат да добијат повеќе информации за скандалот.
Самиот Примо преку соопштение порача дека ќе побара помош од психијатар за „минатите трауми“ и побара да се почитува неговата приватност.
„Знам дека сите сте изненадени од одлуката. Побарав помош за претходните трауми и овој период ќе се фокусирам на моето ментално здравје. Се надевам дека во иднина ќе можам да зборувам за да помогнам на другите кои страдале на сличен начин“, вели Примо.